Триесет отсто повеќе смртни случаи во Шпанија во однос на претходниот ден

За 24 часа во Шпанија се регистрирани нови 394 смртни слулаи, што е драстичен скок на бројот на починатите за 30 отсто, соопштија здравствените власти. Од Ковид-19 досега во Шпанија починаа 1720 лица.
Бројот на новозаразени за едно деноноќие во Шпанија се зголеми за 3466 лица, или 14,6 отсто и сега изнесува 28.572 заболени.
Здравствените власти предупредуваат дека во следните денови бројот назаразени драстично ќе се зголемува.
Земјата веќе се соочува со недостиг на болнички легла, со оглед дека на одделите за интензивна нега сместени се 1.785 пациенти.

Триесет отсто повеќе смртни случаи во Шпанија во однос на претходниот ден Шпанскиот премиер Педро Санчез предупреди дека епидемијата во земјата, која веќе е една од најголемите во светот, ќе продолжи да се шири и да се влошува.
– Треба да се подготвиме емотивно и психолошки за оние тешки денови што претстојат, изјави тој во телевизиското обраќање до нацијата.
– Ние допрва ќе претрпиме штета од најсилната и најголема епидемија, што ќе ги тестира нашите материјални и морални способности, како и нашиот дух како општество, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави