Главниот град на Хрватска, Загреб утрово беше погоден од земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер, што предизвика штета на инфраструктурата во градот. Меѓу оштетените се најде и стадионот на Динамо, „Максимир“ објави gol.mk.
Самиот клуб објави соопштение во кое напиша за штетата предизвикана од земјотресот, а на стадионот беа оштетени источната и западната трибина, како и дел од стаклата.