Адвокатите на Јанева бараат одлагање на „Рекет“ поради нејзината здравствена состојба

Адвокатите на Катица Јанева поднеле барање за одлагање на денешното рочиште за „Рекет“, бидејќи обвинетата е во ризичната група на граѓани загрозени од вирусот Ковид-19 и користи мерки од Владата за спречување на ширење на заразата, објави Макфакс.

Во поднесокот е наведено дека станува збор за хронична здравствена состојба. Но, освен поради здравјето на Јанева, одлагање се бара и поради друга причина, односно здравствената состојба на еден од нејзините адвокати.

Одлука на ваквиот предлог треба да донесе судијката Васка Николовска-Масевска, која го води процесот по овој предмет. Таа треба да го отповика барањето за спроведување на Јанева од куќен притвор, доколку одлучи да го прифати барањето.

На денешното рочиште е планирано да сведочат дел од обвинителите од СЈО. Таа предложи 13 од нив, меѓу кои Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Трајче Пеливанов.

Треба да знаете
Последни објави