Оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се чувствуваат подобро откако беа упатени на лекување од коронавирус. Хенкс им понуди совет на оние кои се во слична ситуација.
„Еј народе. Две недели по првите симптоми се чувствуваме подобро. Мораме да се грижиме едни за други. Здравиот разум сугерира да не бидеме целосно активни некое време и дека треба да се откажеме од одредени удобности. И ова ќе помине, ние мора да го прифатиме тоа“, напиша Хенкс на својот профил на „Твитер“.
https://www.instagram.com/p/B9qBEyjJu4B/?utm_source=ig_embed