Властите во јужниот руски регион Кабардино-Балкарија неутрализирале тројца осомниени терористи кои планирале терористички напад, соопшти Националниот антитерористички комитет, пренесува „Спутник“.
„Во текот на операциите и мерките за пребарување, утврдено беше каде се наоѓаа тројцата осомничени. Тие беа блокирани во близина на селото Кременчуг-Константиновское, во областа Баксансиски во Кабардино-Балкарија. Вооружените криминалци се спротивставија на полициските службеници кои се обидоа да ги приведат и беа неутрализирани “, се вели во соопштението.
Автоматски пушки, травматски пиштоли, муниција и импровизирана експлозивна направа биле откриени на местото на инцидентот. Нема жртви меѓу полицајците и цивилите.
Претходно истиот ден полициските службеници добиле информации дека се подготвува напад. Како резултат на проверка на информациите, во местото на живеење на еден од осомничените биле откриени две импровизирани експлозивни направи готови за употреба и компоненти за нив.
На 22 март рускиот Национален комитет за борба против тероризам (НАЦ) соопшти дека неговите агенти неутрализирале терорист во близина на градот Уфа, кој планирал да изврши терористички напад.



