Филхармонија започна со емитување концерти

Филхармонија почна со емитување на дел од своите симфониски концерти на социјалните мрежи, кои можат да се најдат и на јутјуб-каналот, некои од нив реализирани во соработка со Македонската радио-телевизија.

„Поради состојбата во којашто се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и исклучителните диригенти и солисти кои гостуваа на сцената на Филхармонија“, велат од Филхармонија.

Серијата емитувања почна со концертот „Моќта на Заратустра“ и изведбата на едно од најмоќните дела во класиката – „Така зборуваше Заратустра“ на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит.

Освен концертите кои се составен дел од официјалната програма, Филхармонија секоја сабота на јутјуб-каналот и на социјалните мрежи ќе ги емитува и Концертите за деца.

Треба да знаете
Последни објави