Министерот за здравство Венко Филипче објави на прес-конференција повтори дека во моментов има 136 заболени и дека дебранин е втора жртва на Ковид-19 во земјава. Според него, се било преземено од лекарите од кумановската болница каде вчера почина жена на возраст од 57 години.
-Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, а кој бил поврзан со првите заболени од Дебар. Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет, односно здравствени проблеми. Пациентите кои имаат претходни заболувања на белите дробови се поризична група, но овој случај покажува дека тоа не е правило. Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои досега во Скопје 81, а во Дебар 40 заразени, рече Филипче.
Според него, денеска се прават шест контролни брисеви на заболени згрижени на Инфективна клиника, од кои тројцаа имаат влошена состојба, еден е во средно тешка и двајца пациенти се со лесна клиничка слика, бидејќи влегуваат во фаза во која вирусот треба да е излекуван.
– На вработените од Клиниката за кожни болести им е истечен рок на самозиолзција па деновиве ќе бидат повторно тестирани на вирусот за да се види дали некој е ностител на вирус, но тоа ќе биде направено по групи. Од денеска почна пријавување на симптоми за тестирање преку системот Мој термин, преку матичните лекари, а кои ако утврдат потреба ќе дадат упат за тестирање на 14 пункта во Скопје во Поликлиниките Јане Сандански и Ченто, рече Филипче.
Министерот рече дека е обезбедено доволно количество на лекови, односно комбинација на два лека за третман на заболените, откако истата дала добри резултати во повеќе држави и утре се очекува Агенцијата за лекови да даде дозвола за користење.
-Со оглед на тоа што излегоа повеќе студии од веќе аплицирана терапија во светот, ние ја обезбедивме целата потребна терапија за навистина голема бројка пациенти со коронавирус во нашата земја.Тоа е комбинацијата на терапија која досега во повеќе публикации укажува на тоа дека дава добри резултати во лекувањето на пациентите со коронавирус. Процедурата е таква што протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што се направи изутрината и денеска и веќе утре треба да се заврши формално правната постапка со добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде тоа е индицирано. Станува збор за терапија за која ќе се прават клинички студии, но многу земји веќе ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји, рече Филипче.