Асоцијацијата за унапредување на дигиталниот маркетинг во Македонија, ИАБ Македонија реагира на одлуката на Владата, конкретно на објавата на Министерството за информатичко општество и аадминистрација да се доделат дозволи за работа на терен на онлајн медиуми кои се дел од регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија
-Ве информираме дека регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и
Здружението на новинари на Македонија не претставува официјален регистар на онлјан медиуми и
не ги содржи сите онлајн медиуми во РС Македонија.Воедно, сакаме да Ве информираме дека постојат и други регистри и саморегулаторни кодекси, како на пример регистарот и кодексот на ИАБ Македонија чии потписнички се согласни меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми, а кој може да го погледнете на следниот линк:
https://www.iab.mk/etichki-kodeks/ .
Дополнително, постојат и регистрирани онлајн медиуми кои не се дел од ниту еден регистар,
а сепак ги исполнуваат условите за работа како онлајн медиум согласно важечките закони.
Затоа, Ве замолуваме да ја преиспитате вашата Одлука и да се овозможи доделување на
дозволи за сите онлајн медиуми кои се регистрирани како правни лица во РСМ и имаат импресум.
Однапред благодариме на вашето разбирање и позитивен одговор, велат од ИАБ.