Даниел Крег има 125 милиони на сметка, но на децата нема да им остави ниту долар

Познатиот британски актер Даниел Крег, кој на својата сметка во банка има 125 милиони долари, изјави дека нема да им остави ниту еден долар на своите деца кога ќе умре.

Актуелниот Џејмс Бонд изјави дека идејата за оставање наследство е невкусна работа.

„Мојата филозофија е да се ослободам (од тие пари) или да им ги подарам пред да заминам“, вели Крег додавајќи:

„Не сакам да им оставам голема сума (пари) на следните генерации“, рече актерот за списанието „Сага“, пренесува „Индипендент“.

Даниел Крег има 52 години и е татко на две деца. Првата ќерка Ела ја доби во брак со Фиона Лондо, а втората со сегашната сопруга, колешката Рејчел Вајс.

Треба да знаете
Последни објави