Жариштето на Ковид-19 се сели во Шпанија: Болни лежат и по подови во болнички ходници

Пациенти и по 30 часа чекаат на преглед седнати на столови, други легнати на кревети и по подови на болнички ходници. Такви се сликите во болницата во Леганес, предградие на Мадрид, исто е и во соседната болница „12 Октомври“.

Вработен за „Ел мундо“ објаснува дека одделението за итен прием е преполно, па болни префрлуваат во воени болници.

„Потребна ни’ е помош. Ова не е достојно за луѓе. Се прашувам дали власта знае што се слуува во болниците. Се наоѓаме во состојба во која потребите ни’ се многу поголеми од ресурсите“, истакнува лекар во болницата.

Повеќе од 30.000 инфицирани, повеќе од 2.000 починати е досегашниот црн биланс во Шпанија. Бројките постајано растат, нешто што се случуваше до пред неколку дена во Италија. Најпогоден е регионот на главниот град Мадрид.

„Шпанија се наоѓа во намрачната фаза поради коронавирусот“, рече викендов за „Ел паис“ шпанскиот министер за здравство, додавајќи дека следуваат најтешките денови.

Стручњаците предупредуваат од колапс на здравствениот систем и бараат уште повеќе да се ограничи движењето, па и да се воведе тотална изолација.

Треба да знаете
Последни објави