Марти Ахтисари позитивен на тестот за коронавирус

Поранешниот фински претседател Марти Ахтисари, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2008 година, е позитовен на тестот за коронавирус, соопштија од Кабинетот на претседателот.

„Инфекцијата беше потврдена во понеделникот, 23 март. Претседателот Ахтисари добро се чувствува, со оглед на ситуацијата“, се вели во соопштението.

Ахтисари, кој има 82 години, ја предводеше Финска од 1994 до 2000 година и беше добитник на Нобелова награда за неговиот долгогодишен придонес во мировните посредувања.

Во Финска се потврдени се 700 случаи на зараза и има еден смртен случај.

Треба да знаете
Последни објави