Издавачите на три американски весници денеска апелираа до кинеските власти да ја отповикаат одлуката за протерување на десетина американски новинари среде глобалната криза поради пандемијата на коронавирус, пренесува „Ројтерс“.
На 18 март Кина ги укина акредитациите првично издадени до крајот на 2020 година на сите американски новинари вработени во дописништвата на „Вол Стрит џурнал“, „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“.