Искусниот шпански чувар на мрежата Пепе Реина призна дека имал симптоми на коронавирус, но дека сега се чувствува подобро.
Реина оваа зима го напушти Милан и премина во Астон Вила на позајмица до крајот на сезоната. Одигра шест натпревари за англискиот тим пред прекинот на првенството поради коронавирусот.
Искусниот голман за шпанските медиуми призна дека имал симптоми на коронавирусот и дека сега се чувствува подобро откако ги почитувал правилата за куќна изолација и не го донел своето семејство во опасност.