Огромни гужви се создадоа на стотици граѓани кои што се обидуваат да се качат на траекти во Нов Зеланд по наавата дека ќе се воведе ошта изолација. Продавниците се испразнети, голем број граѓани се заглавени во странство, паниката го опфати цел Нов Зеланд, каде се очекува да бидат воведени заштитини мерки во борбата против коронавирусот.
Полицијата интервенирала кај терминалите на бродовите коишто го поврзуваат Велингтон на Северен остров и Пиктон во Јужниот остров. Стотици луѓе очајно се обидувале да добијат место на фериботите.Полицијата соопшти дека имало прилив на луѓе без билети и ги повика оние без резервации да не доаѓаат.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден, вчера нареди четиринеделна општа изолација на населението заклучно со среда во 23.59 часот по локално време за да се запре ширењето на епидемијата. Нов Зеланд е значително зафатен од пандемијата од многу други земји во светот со 142 заразени, но владата е уверена дека тој број би можел да експлодира доколку не се преземат драстични мерки.