Австриското обвинителство покренува истрага за случајот со ширење Ковид-19 во Ишгл

Државното обвинителство покрена истрага за случајот со ширење на новиот коронавирус во местото Ишгл, во австриската покраина Тирол, поради сомнеж за доведување во опасност на луѓе од заразата.

Покраината Тирол го вклучи обвинителството во расветлување на случајот, односно утврдување на одговорност, затоа покраинската криминалистичка служба доби налог да спроведе истрага.

Општината Ландек писменото барање на германската телевизија ЗДФ го проследи до обвинителството, врз основа на кое произлегува дека уште кон крајот на минатиот месец е утврдено дека една вработена во угостителски објект во Ишгл била инфицирана со коронавирусот, а тоа не било пријавено на властите.

Во познатиот скијачки центар Ишгл се заразени голем број државјани на скандинавските земји, но и на Германија и Австрија.

Треба да знаете
Последни објави