Процентот на заразени со новиот коронавирус и починати од таа инфекција драстично варира од земја до земја, но релативно нискиот број на смртни случаи во Германија во однос на бројот на заразени лица е зачудувачки, па се поставува прашањето што е причината, наведува германската агенција ДПА.
„Да бидам искрен, ние се уште знаеме премногу малку за оваа инфекција за да одговориме на тоа прашање”, изјави експертот на Светска здравствена организација (СЗО) Ричард Пибоди за германската новинска агенција ДПА.
Тој вели дека нискиот број на жртви од инфекција со новиот коронавирус е се уште „мистериозна” во споредба со заразениот број. Смртноста од коронавирусот во Италија е 20 пати поголема отколку во Германија, според сегашните податоци на универзитетот Џонс Хопкинс. И, бројот на заразени лица е мал во споредба со населението.
Пибоди, сепак, отфрла директна споредба на двете земји.
„Не можеме да мешаме круши и јаболка. Рамките во кои се развива еппидемијата се разликуваат од земја до земја”, рече експертот на СЗО.
Една од причините за различниот број смртни случаи од коронавирусот за Пибоди е моментот на почеток на епидемијата.
„Во Италија и Шпанија епидемијата најверојатно почна порано и продолжи да се развива отколку во Германија. Тогаш првите случаи се случија многу порано без да бидат откриени, и така вирусот се шири незабележано на населението”, вели Пибоди.
Потоа требаше извесно време за инфекцијата да развие здравствени компликации. Некои пациенти можеби поминале неколку недели на интензивна нега пред некои да ги загубат животите. Средната возраст на луѓето со коронавирус во Италија е далеку највисока во споредба со многу други земји, вклучително и Германија.
„Во Германија просечната возраст на заразените е 45 додека во Италија 63″, наведува германскиот демограф Андреас Бакхаус во изјава за агенцијата преку Твитер.
Бакхаус во написот на веб-страницата „Медиум” нагласува дека ги споредил Јужна Кореја и Италија, споредувајќи ги деновите кога двете земји имале приближно еднаков број на случаи. Во Јужна Кореја речиси девет отсто потврдени случаи на заразени биле преку 70 години,додека во Италија биле преку 40 отсто.
Претходно оваа недела, 19 проценти од потврдените случаи на инфекција во Германија биле 60 години и повеќе, додека повеќе од половина од заразените биле на возраст меѓу 35 и 59 години.