Претставниците на Белата куќа и Сенатот постигнаа договор рано утрово, со кој е предвидена огромна помош на деловните субјекти, работниците и системот на здравствена заштита, најмногу погодени од пандемијата на новиот коронавирус.
Тоа е исто така најголемата мерка за спасување на економијата во американската историја и е наменета како повеќенеделна или повеќемесечна „помош за економијата” што се движи кон рецесија, пренесуваат американски медиуми.
Информацијата за договорот ја објави високиот советник на Белата куќа, Ерик Уланд, непосредно по полноќ, додавајќи дека се уште треба да се финализира.
„Дами и господа, постигнавме договор”, нагласи тој.
Тој пакет економски мерки предвидува директни исплати на повеќето Американци, продолжување на бенефициите за невработени и програма за помош од 367 милијарди американски долари за мали бизниси да се задржи профитот додека работниците се дома.