Европската Унија ќе додели конкретна помош за Албанија во борбата со вирусот Ковид-19.
Информацијата на Твитер ја објави амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Луиџи Сореца наведувајќи дека ЕУ ќе и даде вкупно 50 милиони евра помош на Албанија.
Од нив четири милиони евра ќе бидат за медицинска помош, 11 милиони за социјална помош и 35 милиони евра за економско закрепнување.
– Среќен сум што може да објавам дека Европската Унија ќе даде конкретна помош за Албанија во борбата против Ковид-19. Конкретно: 4 милиони евра за медицинска опрема и медицинска помош, 11 милиони евра за социјална подршка, како и 35 милиони евра за економско закрепнување. ЕУ е секогаш со Албанија и во време кога е тоа потребно! Секогаш сме со Албанија – напиша Сореца.
На веста на Сореца реагираше премиерот Еди Рама реагираше кој на Фејсбук напиша:Господ на Албанците е голем.
„Европската унија на Албанија и додели 50 милиони евра за борба против „Ковид-19″.Господ на Албанците е голем,- напиша Рама.