Принцот Чарлс заразен со Ковид-19

Британскиот принц Чарлс е позитивен за коронавирусот, се вели во денешното соопштение од кралската палата.

Според соопштението, принцот од Велс има благи симптоми и се чувствува добро, а последните неколку дена работи од дома како и досега, јави Скај њуз.

„Војвотката од Корнвол исто така е тестирана, но не и заболена. Според препораките на владата и лекарите, принцот и војвотката се во изолација во Шкотска”, се вели во соопштението.

Принцот, вирусот го добил за време на еден од неговите многу контакти во последните неколку недели.

Кралицата Елизабета Втора (93) ја напушти палатата пред неколку дена за да избегне зараза со вирусот.

Треба да знаете
Последни објави