Во германските болници моментно околу илјада заболени од коронавирус се наоѓаат на интензивна нега, покажуваат објавените податоци од Здружението на германски болници ДКГ.
– Во домашна изолација се лекуваат околу 4.000 пациенти, на кои им е потребна нега, истакна претседателот на Здружението, Гералд Гас.
Тој за медиумите изјави дека во следните денови се очекува значителен раст на бројот на инфицирани лица.
– Мислам дека до крајот на оваа недела ќе не очекува бројка од околу 70.000 регистрирани случаи, нагласи гас.