„Како што секојдневно информираме и аплираме, судот, согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда изготви листа од околу 300 итни и неодложни предмети кои се насрочени во текот на месеците: март и април, од која листа во судот на дневна основа се насрочени не повеќе од 10 судења и тоа во зграда со 25 судници распоредени на седум ката. Токму затоа и судењата со поголем број странки се одвиваат во една од трите поголеми судници каде има доповолно простор и одалеченост меѓу присутните како што беше и денешниот пример со предметот во јавноста познат како „Титаник“ на кој во делот за јавност имаше и присутни претставници на медиумите“, велат од Судот.
Од таму ги повикуваат медиумите и претставниците на невладините организации кои ја следат работата на судот, доколку се во можност да присуствуваат не некоја од идните закажани расправи како би се увериле во условите за судење и во секојдневните известувања дека судот редовно се дезинфицира, се мери температура со безконтактен уред на секој кој влегува во зградата, се користат медицински маски и стерилни ракавици и фреквенцијата на луѓе е сведена на минимум.
„Судот уште еднаш апелира дека и адвокатите кои ги критикуваат мерките кои ги презема судот, а дел од нив од претходно ги известиле судиите дека се спречени да присуствуваат на судењеата и воопшто не се појавиле во судската зграда изминатите денови, дека сите подеднакво треба да ги почитуваме препораките и да дадеме придонест во борбата со вирусот. Судот, се до добивање нови напатствија од Судскиот совет и Министерството за правда е должен да се води по нивните досегашни одлуки и да ги штити правата на обвинетите и оштетените во постапките“, се наведува во соопштението.