Иран би можел наскоро да се соочи со втор бран на епидемијата на коронавирус, изјави портпаролот на иранската влада, Али Рабиеи.
Тој го најави тоа, со оглед дека одделни граѓани ги игнорирале препораките кои ги издале здравствените власти во земјата, а поради спречување на ширењето на коронавирусот.
„На жалост некои Иранци ги игнорираа советите на министерот за здравство и патуваа за време на прославата на иранската Нова година. Тоа може да предизвика втор бран на вирусот Ковид-19“ рекол Рабиеи, пренесе „Ројтерс“.
Како што додал, од сега се забрануваат сите меѓународни патувања, а прекршувањата ќе бидат законски гонети.