Федерер донира милион франци за помош на семејствата чија финансиска сигурност е загрозена од болеста Ковид-19.
„Ова е предизвикувачки период за сите нас и никој не смее да остане настрана. Мирка и јас лично одлучивме да донираме еден милион швајцарски франци за најзагрозените семејства во Швајцарија. Овој наш допринос е само старт. Се надеваме дека и другите ќе ни се приклучат и ќе поддржат повеќе фамилии на кои тоа им е потребно. Заедно можеме да ја пребродиме оваа криза! Останете здрави!“, напиша Федерер на социјалните мрежи.
Деновиве медиумите пишуваа за слични донации на многу други спортисти, меѓу кои се Лео Меси, Кристијано Роналдо, Пеп Гвардиола…