Руската армија го испрати воениот систем за аеросолна дезинфекција во Италија, кој е наменет за ефикасна дезинфекција на различни типови возила, згради и останати затворени објекти, како и средства за индивидуална заштита, пренесува порталот „Марсонлајн“.
Целиот комплекс се наоѓа на шасијата на камионот КамА3-53501, а средството во вооружувањето е воведено во 2015 година. Тоа се состои од кран-манипулатор и хидраулична дизалка.
Савремени комплекс аеросолне дезинфекције „Орлан“ приликом укрцавања на Ил-76 – Борбени Ефективи/Marsonline pic.twitter.com/5JgTKBT54m
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) March 22, 2020
Тоа му овозможува ефикасна употребливост во најсложени услови на експлоатација. Неговиот капацитет за дезинфекција изнесува околу 90 метри квадратни простор во една минута. Благодарение на своите габарити, „Орлан“ без проблеми стои во воено-транспортниот авион Ил-76. Екипажот кој управува со целиот систем се состои од три члена.
Неговата примена е забележана на почетокот на август 2016 година за време на сузбивањето на Антраксот на подрачјето на Јамалскиот регион. Оваа машина е „помлад брат“ на специјалниот советски комплекс за топлотен третман и дезинфекција на вооружувањата и воената техника ТМЦ-65У.
ТМЦ-65У на задниот дел од камионската платформа има турбомлазен мотор БК-1, кој инаку се наоѓа на ловците авиони МиГ-15 и МиГ-17, но и на бомбардерите тип Ил-28. Со помош на овој систем, војската на многу брз и ефикасен начин врши чистење на возилата од хемикалии или за правење силни завеси од чад, со кои се покрива движењето на трупите на боиштето.
Еден ТМЦ-65У за само еден час може да деконтаминира простор од речиси 5 километри квадратни.