Земјава во јануари годинава вкупно потрошила 865.418 мегават часови електрична енергија, 40,580 милиони нормални кубни метри природен гас, 616.687 тони јаглен и 73.559 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 68,5 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,1 отсто од потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.