– За време на викенд (сабота и недела) за сите граѓани се забранува движењето од 16 часот до 5 часот наредниот ден. Одлуката ја донесе Владата, а на Фејсбук ја соопшти премиерот Оливер Спасовски.
-Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд, со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, објави Спасовски.
Во сила остануваат и сите други претходно донесени забрани.
Од 22 март е воведен полициски час кој трае од 21 до 5 наутро. Повозрасните од 67 години може да се движат надвор само од 5 до 11 часот, а на младите до 18 години им е дозволено од 12 до 21 часот.