– Не е сосема сигурно дека новиот коронавирус ќе исчезне во текот на летото, соопшти денеска Европската агенција за контрола и спречување на болестите – ЕЦДЦ.
Странските агенции пренесуваат дека тоа е сериозно предупредување дека епидемијата може да продолжи дури и кога надворешните температури се зголемуваат, освен ако не се преземат мерки за нејзино спречување.
Сепак, додаваат дека ова предупредување остава малку простор за надеж дека Ковид-19 може да се однесува исто како и другите коронавируси кои се ендемски за човековата популација, а кои обично ги нема за време на летниот период.