Дојде 4-ти февруари, а Ковачевски и Пендаровски не открија кои странски служби шират антимакедонска пропаганда, и самите работат во нивна корист.
Пендаровски го девалвираше и Советот за безбедност, една сериозна изјава нема човекот кој ја има функцијата претседател на државата.
Пендаровски и Ковачевски да кажат, дали изјавата дека странски агентурни мрежи стојат зад антимакедонската кампања во односите со Бугарија е производ на дискусија на Советот за безбедност, Пендаровски сам ја измисли или е дискутирана но сега не изнесува детали затоа што и самиот работи во корист на истите агентури? Четврто нема, во секој случај кој и да е одговорот јасно е дека државата е водена од луѓе кои ги газат нејзините интереси.
Ковачевски, под кој се сите финансиски служби, како премиер, не може да утврди од каде се финансираат бугарските здруженија, кои шират говор на омраза и негација на нацијата, јазикот и историјата.
Ковачевски и Пендаровски наместо да работат за Македонија, тие со својата неспособност или криминогеност ја понижуваат секој ден.