Џенаро Гатузо го коментираше неговото заминување од функцијата тренер на Валенсија. Вчера беше објавено дека 45-годишниот фудбалски стручњак ја напуштил Валенсија поради конфликт со управата на клубот.
– Ви благодарам на сите за довербата што ми ја покажавте во овие 7 месеци додека сум овде, за наклонетоста што ми ја покажавте, секогаш исполнувајќи го стадионот со повеќе од 40.000 луѓе. За жал, таков е животот. Нека му е со среќа Воро (в.д. тренер), кој е храбар тип. Управата на клубот и јас ја донесовме одлуката мирно и со почит. Ја сакам Валенсија, тоа е одличен и неверојатен град. Среќно и уште еднаш благодарам за овие седум месеци, изјави Гатузо.
Тој беше на чело на Валенсија од јули 2022 до јануари 2023. Клубот моментално е на 14. место во шпанската лига со 20 бодови. Тимот има само 1 победа во последните 10 натпревари во првенството.