Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека тој и неговиот американски колега, Доналд Трамп и други држави подготвуваат „голема нова иницијатива” против пандемијата на коронавирусот.
„Многу добра дискусија со претседателот Трамп. Ние подготвуваме за кризата со Ковид-19 заедно со другите земји, голема нова иницијатива во наредните денови”, објави Макрон на Твитер по телефонски разговор со Трамп.