Националната установа Театар Комедија денес, на Светскиот ден на театарот, го заокружува својот осми роденден.
Во текот на изминативе осум години во Театар Комедија, кој важи за најпосетуваниот театар во земјава, се поставени вкупно 34 премиери, остварени се голем број гостувања и соработки, а театарот може да се пофали и со бројни награди и признанија.
Оваа година во Театар Комедија ќе изостане вообичаената премиера на 27 март, но од институцијата велат дека, по нормализирањето на ситуацијава, актерите и целиот тим на театарот ќе бидат тука за да им ги наполнат ,,животните батерии“ на посетителите со нова енергија и надеж.
Во меѓувреме театарот ги обезбедува со смеа своите гледачи преку нивниот онлајн репертоар – на нивниот You tube канал во одредени термини се емитуваат снимки од нивни претстави.
За Денот на театарот е резервирана ,,Ах, љубов моја“ (режија: Коле Ангеловски), која е првата одиграна претстава во Театар Комедија.