Силите на редот казнија повеќе од 225 000 лица поради непочитување на мерките за ограничување, јави дописникот на МИА.
Од спроведувањето на строги мерки на ограничување за борба против епидемијата на коронавирус на 16 март, извршени се околу 3,7 милиони проверки низ цела Франција, рече министерот за внатрешни работи, кој процени дека ограничување треба „да продолжи сè додека не победиме во борбата против вирусот”.
Казната за непочитување на мерката изнесува 135 ева, која во случај на повторно непочитување може да достигне 1500 евра, а забележани се и мерки на притвор за лица кои на повеќе пати ја прекршиле.