Кинезите се борат против коронавирусот на различни начини, а еден од нив се и тунелите за дезинфекција, пишуваат кинеските медиуми.
Досега, два такви тунели се поставени во Чонгкинг и ги користат работниците пред да заминат на работа.
Весникот „Саут Чајна морнинг пост“ наведува дека во тунелите се вградени инфрацрвени детектори кои автоматски активираат спреј во моментот кога некое лице ќе влезе во тунелот.
Процесот на дезинфекција во овие тунели трае 20 секунди.
Инаку, работниците се дезинфицираат и во Пекинг, иако на поинаков начин, со помош на средства за дезинфекција и антисептици.
Покрај тоа, во Пекинг секојдневно се дезинфицираат 405 метро-станици, каде што се чистат подовите, клупите и ескалаторите.
На секој патник му се мери температура пред да влезе во станицата, пренесуваат кинеските медиуми.