Можеме слободно да заклучиме дека во овие тешки моменти Македонија успеа да го одржи зацртаниот правец уште од осамостојувањето, односно да ги заокружи стратешките заложби за нејзина Европска и НАТО-интеграција, велат во соопштение од ВМРО-Народна партија.
„Жртвата која нацијата ја поднесе за да дојде до реализација на овие стратешки цели е преголема па затоа оваа голема победа ја посветуваме токму на македонскиот народ, на сите оние кои придонесоа за нејзино насочување на патот до интеграциите, но и на сите кои го дадоа животот за таа да биде суверена и уште посилна во иднина“, се наведува во партиското соопштение.
Во него се додава дека периодов сите ресурси треба да бидат насочени во борбата против коронавирусот, а потоа чекаат предизвиците и реформите кои ги носи процесот на пристапување во ЕУ.