Албанската Влада во актуелната сосотојба со коронавирсот ја менува повторно шемата на движење на целата територија на земјата. Освен полицискиот час во деновите од престојниот викенд,од понеделник со специјална дозвола само еден член од едно семејство може да излегува по еден час за набавка на потребните продукти, додека за пензонерите и повозрасните лица излезот од дома е целосно забранет.
-Утре и во недела се воведува полициски час од 13:00 до 5:00 часот. Исто како и минатиот викенд, од 13:00 до 5:00 часот сите дома и сите ќепенци затворени,напиша на Фејсбук премиерот Еди Рама.
Исто така ги информираше сите граѓани дека од понеделник од дома со посебна дозвола ќе може да излегуваат само со дозвола за да пазарувт за што маат еден час.
„ Освен оние кои мора да одат на работните места, од понеделник никој нема да излегува од дома да пазарува, без да поседува дигитална дозвола со е-маил или телефон во име на семејството. До крајот на војната, тоа ќе биде единствениот излез од дома.За пензонерите, односно повозрасните лица нема излегување, ќе седат дома, наведува Рама.
Потоа објаснува како е постапката:
„Одите на e-albania, каде опцијата се нарекува „ дозвола за излез”(leje për dalje). Ги советувам пензионерите и повозрасните да не аплицираат бидејќи ќе бидат одбиени, а доколку злезат казнети, бидејќи се најзагрозена категорија,објаснува Рама.
Во Албанија, со денес напладне соопштените податоци, бројот на заразени е 186 лица, излекувани се 31-но,додека починати се осум лица. Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 77 пациенти, петтмина од нив се на интензивна терапија,додека останатите засега се во стабилна состојба.