– Раководството на ВТБ кошаркарската лига прогласи предвремен крај на сезоната поради пандемијата на Ковид-19. Ова е епилог од вчерашниот состанок од кој челниците денеска излегоа и со уште една важна одлука дека нема шампион.
Многумина сметаат дека ваквиот расплет е голем удар на екипата на Химки која во моментот на прекин на лигата имаше три победи повеќе од ЦСКА Москва, беше лидер на табелата и очекуваше специјална покана од Евролигата за наредната сезона.
„Армејците” и онака имаа „А” лиценца за учество во Евролигата, но Химки се надева на награда за скорот од 18-1 во регионалното кошаркарско натпреварување во некомплетната 2019/20 сезона.