– САД денеска од Република Северна Македонија го примија инструментот за пристапување во НАТО, со што Северна Македонија стана 30. сојузничка на НАТО, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Во соопштението се вели дека знамето на земјата за прв пат ќе започне да се вее пред седиштето на НАТО на 30 март.
– Како што кажа и претседателот Доналд Трамп, Алијансата веќе 70 години е заштитник на меѓународниот мир и безбедноста. Влезот на Северна Македонија во НАТО претставува врв на напорите правени во текот на многу години од Владата и народот на Северна Македонија за членство во Алијансата, нагласи Помпео.
Се додава дека членството на нашата земја во НАТО ќе доведе до подобра интеграција, демократски реформи, безбедност и стабилност во целиот регион.
– Членството на Северна Македонија исто така потврдува дека останува отворена вратата и за сите други аспиранти, кои сакаат и можат да ги остварат неопходните реформи потребни за достигање на високите стандарди на НАТО, како и да ги прифатат одговорностите и бенефициите од членството, истакна тој.
Додека НАТО вели добредојде на 30. членка, ние остануваме посветени на колективната одбрана според Членот 5, камен темелник на трансатлантската алијанса, се вели во денешното соопштение од американскиот Стејт депармтент