– Со чинот на истрелување на шест плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на Армијата од касарната „Илинден” во Скопје, денеска на симболичен начин се означи официјалното пристапување на Република Северна Македонија во НАТО како нејзина триесетта полноправна членка.
– Истрелувањето на артилериските плотуни се изврши веднаш по депонирањето на пристапниот протокол во Стејт Департментот, кој беше финалниот акт за формализирање на полноправното членство во НАТО, со што се целосно се оствари оваа стратегиска определба на нашата држава, се наведува во соопштението од Генералштабот на Армијата.