– Повеќе од половина милион луѓе во светот се заразени со коронавирусот, а 20.000 починаа, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адхан Гебрејесус.
Тој ги повика земјите да се воздржат од употреба на лекови за кои не е докажано дека се ефикасни против вирусот Ковид-19.
– Хроничниот глобален недостиг на лична заштитна опрема сега е една од најголемите закани за нашата колективна способност да ги спасиме животите, рече Тедрос на прес-конференција во Женева.
Тој додаде дека медицинскиот персонал во земјите со ниски и средни примања заслужува иста заштита како и оние во најбогатите земји.
– Постарите лица и оние со други заболувања се најтешко погодени од епидемијата, но 10 до 15 проценти од оние помлади од 50 години ќе имаат умерена до тешка инфекција, рече експертот на Светската здравствена организација за итни случаи, Мајк Рајан.
На прашањето за извештаи за инфекции кај младите луѓе, тој рече дека повеќето од нив имаат лесна инфекција, но дека и мал број луѓе на возраст меѓу 20 и 60 години имаат значителна инфекција.
– Она што навистина се појавува е перцепцијата