Портпаролот на Стејт департментот преку видео порака посака добредојде на Северна Македонија во НАТО

 – Северна Македонија покажа цврсти заложби за трансатлантската заедница и кон нејзините заеднички вредности и безбедност, изјави портпаролката на Стејт департмент Морган Ортагус, посакувајќи ѝ добредојде на нашата земја во НАТО.

Таа им го честиташе на македонските граѓани овој значен момент.

-Северна Македонија испрати речиси 4.000 војници во операциите на НАТО од 2002 година. Овие трупи се борат заедно со Американците во Ирак и Авганистан, и придонесуваат во коалицијата што го порази калифатот на Исламската држава, рече таа во видео порака.

We welcome our 30th Ally, the Republic of North Macedonia, into the @NATO Alliance. North Macedonia has clearly demonstrated its commitment to the Transatlantic community and our shared values and security, and we congratulate its citizens on this momentous occasion. pic.twitter.com/QIOzfkHXJh

— Morgan Ortagus (@statedeptspox) March 27, 2020

Додаде дека државниот секретар Помпео при посетата на државата минатата есен изјавил дека „иднината им припаѓа на суверените и независни држави, кои ги штитат нивните граѓани, ги почитуваат нивните соседи и ги ценат разликите што секоја земја ја прават специфична и уникатна. САД остануваат цврсто посветени на Членот 5 на НАТО и ќе останат да партнери на Северна Македонија, за безбедноста и просперитетот на нејзините граѓани, регионот и на светот”.

Треба да знаете
Последни објави