Неприфатливо е однесувањето на властите во Република Македонија кон бугарските граѓани на денешниот 4 февруари, тие сериозно го нарушија процесот на враќање на довербата меѓу двете земји, се наведува во ставот на бугарското МНР. Оттаму велат дела Република Бугарија во периодот по 1991 година, постојано демонстрирала искрена желба за развивање добрососедски односи со Македонија. Како и дека по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во 2017 година, се воспостави практика за заедничко славење на историските личности од нашата заедничка историја, како што е Георги (Гоце) Николов Делчев.
„За жал, прославата на 151-годишнината од неговото раѓање не придонесе за надградба на билатералните односи меѓу Софија и Скопје. Со длабоко жалење забележуваме дека 4 февруари 2023 година ќе влезе во историјата како датум кога властите во Северна Македонија од крајно неубедливи причини и кршејќи ги претходно дадените гаранции не им дозволија на бугарските граѓани да му оддадат почит на Делчев. Министерството за надворешни работи денешниот однос на владетелите во Северна Македонија го дефинира како понижувачки и неприфатлив кон бугарскиот народ и Република Бугарија”, нагласуваат од бугарското МНР.