И покрај тоа што во Мали вчера е регистриран првиот смртен случај како последица од новиот коронавирус, денеска се одржуваат парламентарни избори.
Министерот за здравство на Мали, Мишел Сидибе изјави дека во земјата 18 луѓе се заразени со Ковид-19.
Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита во средата изјави дека ќе се одржат парламентарните избори, иако тој ден беа пријавени првите случаи со новиот коронавирус.
Кеита наведе дека изборите ќе се одржат со строго почитување на санитарните мерки и социјална дистанца.
Мали со години е на мета на џихадистичк напади, а од 2013 година во земјата е распоредена мировна мисија на Обединети нации. Од истата година и Франција предводи воена акција со помош на вооружените сили на Мали против екстремистите, под чија контрола се северните делови на земјата.