Република Македонија се соочува со пандемија од огромни размери предизвикана од коронавирусот и со длабока економска криза која може да трае подолго доколку навремено не се преземат мерки за нејзино стабилизирање.
Зоран Заев лицитира со економските штети од пандемијата обидувајќи се да го покрие претходниот грабеж на народните пари. Сумите варираат од 1,2 , 2 , па дури и 3 милијарди евра. Тоа е доказ за расипништвото и неработењето на Владата во изминатите 3 години. Додека во светот владите преземаат сериозни мерки за справување со здравствената и економската криза, Заев и СДСМ се однесуваат крајно неодговорно.
ВМРО-ДПМНЕ континуирано укажува на грешките, но за Зоран Заев е поважна суетата и личното богатење.
Цената на криминалот, корупцијата и неспособноста на Заев, во ваква криза уште поскапо ја плаќаат граѓаните.
Република Македонија и македонската економија доживеа вистински колапс.
Граѓаните ниту криви, ниту должни ќе мора да го полнат буџетот кој Зоран Заев го испразнил.
ВМРО-ДПМНЕ нуди соработка и изнаоѓање решение кое ќе помогне македонската економија да го издржи ударот и да застане на здрави нозе. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање и нејзините тимови може да се стават во функција доколку владата донесе одлука за таква соработка. Во овие моменти политиката и политиканството треба да се тргнат настрана и да се донесат вистински одлуки кои долгорочно ќе ја стабилизираат економијата. ВМРО-ДПМНЕ е спремно да го образложи планот како да се снабдат доволно средства во буџетот за оваа криза да се помине што е можно побезболно. Владата на Република Македонија е на потег да ја прифати пружената рака на ВМРО-ДПМНЕ и да прифати соработка.
„Урамниловката” која неколку пати ја спомена Зоран Заев е пример каков што не е запаметен ниту применет во било која европска држава, ниту пак во светот. Таквиот потег само ќе ја урниса дополнително економијата и ќе го осиромаши народот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане рамо до рамо со граѓаните и ќе се бори за заедничко решение кое ќе помогне во оваа тешка ситуација во која се наоѓа Република Македонија. Политиката на страна, да ги спуштиме штитовите и да соработуваме се додека државата не застане на здрави нозе.
Животот на граѓаните е пред и над се.