Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби критики во јавноста.

„Карантинот нема да биде потребен“, рече Трамп преку „Твитер“.

Бројот на починати од коронавируси во САД се зголемува со голема стапка. Сега се потврдени повеќе од 2.100 смртни случаи.

Претходно вчера, Трамп ја објави можноста за воведување на карантин за Њујорк, Њу Џерски и Конектикат, но критичарите веднаш ја прогласија идејата за невозможна, бидејќи тоа би предизвикало економски хаос.

Треба да знаете
Последни објави