Во живо прес- конференција на Хари Локвенец, пратеник на СДСМ
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/173188103672676/?t=5
Во овие тешки времиња, кога на глобално ниво се соочуваме со коронавирусот, успешните политики на СДСМ добија конкретна потврда и овозможија остварување на стратешките цели на државата.
Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО. Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ.
Ова е големо признание за сите заложби кои ги направивме како држава за релативно краток период, за само 2.5 години.
Добивме признание за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции – Владата, Собранието, Судството да ги спроведат реформите поставени како наша цел уште во 2017 година.
Иднината на нашата држава е обезбедена. Гарантирана е нашата стабилност, безбедност, отворени се можностите за демократски развој, напредок, економски просперитет, нови работни места, инвестиции.
Државата, граѓаните, добија признание за храбрите и тешки политички одлуки кои ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието предводени од СДСМ за решавање на долгогодишните спорови со нашите соседи Грција и Бугарија.
Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија немаше да биде возможен овој денешен успех.
Ова е уште една потврда дека само заедно, сплотени, солидарни и поврзани можеме да дојдеме до заедничката цел.
Станавме членка на НАТО сојузот , добивме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ. Сето тоа е мотивација за сите дека заедно можеме да ја победиме и коронакризата која не само нас како држава, го стави целиот свет под закана по здравјето на луѓето.
Република Северна Македонија продолжува храбро да чекори напред, кон напредок и просперитет за сите нејзини граѓани.
Пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда.