– Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ изјави денеска дека Црна Гора владее со ситуацијата, настаната поради пандемијата на новиот коронавирус, но дека во наредните недели мора да дејствува уште поодлучно и посилно.
Тој рече дека во Црна Гора има 620.000 жители, а целта е тој број да биде уште поголем, а не помал.
– Затоа, не постои арбитража за тоа што можеме, а што не можеме, и дали обичаите и традициите, секуларни или религиозни, се над правото на живот и здравјето на нацијата, рече Марковиќ.