Снимателот Љубомир Бубе Домазетов на својот Јутјуб канал објави снимки од Скопје направени со дрон за време на вчерашниот полициски час, прв за време на викендот во кој беше забрането движењето уште во текот на денот, односно од 16 до 5 часот.
„Потажно снимање од ова сум немал“, напиша Домазетов на својот Фејсбук профил.
И денеска полицискиот час е од 16 до 5 часот изутрина.