– Комплетна изведба на хидроизолациона заштита за објектот „Мобилна воена болница” на Министерството за здравство во вредност од 15.000 евра денеска донираше компанијата АДИНГ.
Од компанијата информираат дека нивни стручен тим е на терен и во координација со одговорните од Армијата, ги прават сите напори за итно завршување и ставање во функција на овој стратешки значаен објект за државата.
-Известуваме дека на 25 март, АДИНГ времено го промени логото и слоганот „состојка на секоја градба” кој сега гласи „растојанието е клучна состојка за нашето здравје, се наведува во соопштението на АДИНГ.
Со оваа промена, посочуваат од компанијата, ги поддржуваме сите напори на пошироката заедница и здравствените препораки, како единствен начин да го спречиме ширењето на COVID-19.