Конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ се одложува за подоцна оваа година.
Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и мерките кои се преземаат во нашата земја, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) известува дека конкурсот се одложува на неодредено, односно до завршување на пандемијата и прекин на рестриктивните мерки со цел нејзино сузбивање.
ССНМ известува дека сите кои веќе се пријавија дека нивната апликација е важечка и ќе биде земена предвид при повторното отварање на конкурсот.