Лаутаро Мартинез не сака од Интер да се пресели во Барселона

Трансферот на фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез во Барселона може да пропадне, пренесува „Ла Газета дело Спорт”. Според изворот, претседателот на „нероазурите” Стивен Жанг, нема да продаде силни играчи, доколку не сакаат да го напуштат тимот.

Мартинез не му ги соопшти на Жанг неговите намери.

Дваесет и двегодишниот Аргентинец верува во овој тим на Интер и е убеден дека клубот наскоро ќе освои трофеи, затоа, не размислува за преселба во Барселона. Единствената можност каталонскиот клуб да добие напаѓачот е да плати обештетување во износ од 111 милиони евра.

До прекинот на сезоната 2019/20, Мартинез има 16 голови и четири асистенции на 31 натпревар за Интер.

Треба да знаете
Последни објави